ЗАБАВЕН ПАРК ЗА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ОТВОРЕН НА ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ КРАЈ ВЕЛЕС

    ЗАБАВЕН ПАРК ЗА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ОТВОРЕН НА ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ КРАЈ ВЕЛЕССо проектот се обезбедува пристап од плажата до водата и набавени се реквизити за во вода (Фото: СДК.МК)

    На езерото Младост крај Велес се отвори забавен парк за лицата со попреченост, со што тие добиваат можност целосно да се вклучат во тамошните забавни содржини.

    Паркот има многу реквизити, кои освен децата со попреченост, ќе можат да ги користат и сите други деца. Тоа и е нашата цел, да биде отворен за сите, децата да се интегрираат и заедно да се забавуваат. Тоа е целосна еднаквост во пракса“, кажа Игор Андреевски, раководител на Вардарски плански регион, преку кој се реализираше проектот.

    Инвестицијата е во вредност од десет милиони денари и финансиски е поддржана од Швајцарската агенција за развој, Министерството за локална самоуправа и Општина Велес.

    Со проектот се обезбедува пристап од плажата до водата, набавени се реквизити за во вода, специјална количка за да можат лицата со попреченост да влезат во езерото, како и лежалки и елеци за спасување. Со забавниот парк и со справите за капење во наредната година ќе работи Здружението на лица со церебрална парализа.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира