САД РЕГИСТРИРАА НАД 1.000 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ВО ЕДЕН ДЕН ЗА ПРВПАТ ОД МАРТ

    САД РЕГИСТРИРАА НАД 1.000 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ВО ЕДЕН ДЕН ЗА ПРВПАТ ОД МАРТДелта сојот продолжува масовно да се шири во делови од земјата каде што има ниска стапка на вакцинирање (Фото: Гети)

    САД регистрираа повеќе од 1.000 починати од ковид-19 вчера, додека делта сојот продолжува да се шири во делови од земјата каде што има ниска стапка на вакцинирање, особено во јужните сојузни држави. Смртните случаи поврзани со коронавирусот пораснаа во изминатиот месец на просечни 769 на ден.

    Администрацијата на Џо Бајден потврди дека планира да ја продолжи мерката за задолжително носење маска во авиони, возови и автобуси, како и на аеродроми и железнички станици до средина на јануари.

    Како и во многу други земји, делта сојот се покажа голема закана и во САД. Вчера починале 1.017 луѓе и последен пат кога во САД имаше повеќе од илјада мртви на дневна база беше во март годинава.

    Американските болници повторно се полнат со ковид пациенти, чија бројка се зголемила за 70% во последните две недели. Во изминатите 12 дена, САД имаат просек од 100.000 нови случаи на зараза на ден, најмногу во последните шест месеци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира