ЕУ ГО ПРИЗНА МАКЕДОНСКИОТ ДИГИТАЛЕН КОВИД СЕРТИФИКАТ, НО ЗЕМЈИТЕ ЧЛЕНКИ ПАК МОЖЕ ДА ПОБАРААТ ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕРКИ

    ЕУ ГО ПРИЗНА МАКЕДОНСКИОТ ДИГИТАЛЕН КОВИД СЕРТИФИКАТ, НО ЗЕМЈИТЕ ЧЛЕНКИ ПАК МОЖЕ ДА ПОБАРААТ ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕРКИНосителите на овие сертификати ќе можат да ги користат под истите услови како и носителите на ЕУ дигиталниот сертификат за вакцинација. (Фото: СДК.МК)

    Eвропската комисија го усвои националниот дигитален ковид сертификат на Македонија што значи дека со ова се избегнуваат сите ограничувања во патувањата како што се дополнително тестирање или карантин, соопшти Министерството за здравство.

    „Ние сме прва земја во регионот за која сертификатите за ковид-19 ќе се сметаат за еквивалентни на дигиталниот сертификат на ЕУ“, велат од Министерството.

    Во пракса, носителите на овие сертификати ќе можат да ги користат под истите услови како и носителите на ЕУ дигиталниот сертификат за вакцинација.

    Во неопходни случаи, како што е заштитата на јавното здравје, земјите членки можат да преземат дополнителни мерки.


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира