Нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ од декември ќе воведе четири нови линии од Македонија. Од Скопскиот аеродром ќе има летови до италијанските градови Торино и Болоња, како и до Билунд во Данска, а од Охрид ќе се лета до Фридрихсхафен, Германија. Како што соопшти компанијата, картите се веќе во продажба.
„Новите линии ќе ги надополнат постојните услуги што веќе се користат од Скопскиот и Охридскиот аеродром и ќе ја потврдат заложбата на авиокомпанијата да им понуди на македонските патници летови до различни дестинации. Новите рути до Болоња, Торино, Фридрихсхафен и Билунд ќе започнат со работа благодарение на распределбата на петтиот авион на ‘Виз ер’ во базата во Скопје“, велат од авиокомпанијата.