ПОЛСКА ЌЕ ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА НА ГРАНИЦАТА СО БЕЛОРУСИЈА ЗА ДА СПРЕЧИ НАПЛИВ НА МИГРАНТИ

    ПОЛСКА ЌЕ ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА НА ГРАНИЦАТА СО БЕЛОРУСИЈА ЗА ДА СПРЕЧИ НАПЛИВ НА МИГРАНТИБелорусија слободно пропушта мигранти до границите на ЕУ откако Брисел ѝ изрече санкции (Фото: ДПА)

    Полска донесе закон за прогласување вонредна состојба на границата со Белорусија, додека земјата се обидува да го спречи напливот на мигранти кои доаѓаат преку бившата советска република. Претседателот Анджеј Дуда изјави дека ќе ја разгледа владината одлука, пред да реши дали да го потпише законот.

    Министерот за внатрешни работи Мариуш Камински изјави дека декретот ќе биде на сила 30 дена и опфаќа тенок појас долж границата и 183 заедници, чии граѓански права ќе бидат придушени во тој период.

    По обвинувањата за местење на ланските претседателски избори во корист на Александер Лукашенко, Брисел ѝ изрече санкции на Белорусија, која возврати со слободно пропуштање мигранти до границите на ЕУ. Триесет и двајца бегалци од Авганистан три недели се заглавени покрај еден граничен град и полските граничари не ги пуштаат да влезат во земјата.

    „Нема да правиме преседани. Ако пуштиме 30 мигранти, наскоро ќе дојдат 300, 3.000, па 30.000“, кажа Камински.

    Литванија прва реагираше на новата белоруска политика и постави нова ограда долж границата за да спречи влез на мигранти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира