ДВАЈЦА РУСКИ ПОЛИТИЧАРИ ПРОМЕНИЈА ИМЕ И ЛИЧЕН ОПИС ЗА ДА ГИ ЗБУНАТ ГЛАСАЧИТЕ НА ОПОЗИЦИСКИ КАНДИДАТ НА ПРЕТСТОЈНИТЕ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ

    ДВАЈЦА РУСКИ ПОЛИТИЧАРИ ПРОМЕНИЈА ИМЕ И ЛИЧЕН ОПИС ЗА ДА ГИ ЗБУНАТ ГЛАСАЧИТЕ НА ОПОЗИЦИСКИ КАНДИДАТ НА ПРЕТСТОЈНИТЕ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИБорис Вишневски со изборниот плакат на кој на првите две фотографии се неговите двојници (Фото: АФП)

    Руските гласачи лесно би можеле да се збунат кога подоцна овој месец ќе избираат нови пратеници во Санкт Петербург, бидејќи тројца кандидати не само што имаат исто име, туку и изгледаат речиси идентично.

    Борис Вишневски, истакнат опозициски политичар кој ќе бара нов мандат во регионалниот парламент во вториот по големина град во Русија, ќе се натпреварува против уште две лица кои се викаат Борис Вишневски, кои, исто како него, се проќелави и имаат уредно потстрижена брада.

    „Тоа е политичка измама. Овие луѓе не учествуваат на изборите за да победат или да ја претстават нивната политичка програма, туку да ги збунат гласачите. Тие не само што си ги променија имињата, туку и личниот опис“, вели 65-годишниот Вишневски од либералната партија Јаблоко.

    Тој вели дека користењето двојници е позната тактика на изборите во Русија.

    „Еден од моите имењаци порано се викаше Виктор Биков, член на крајно непопуларната партија Обединета Русија. Пред да стане Борис Вишневски, тој и изгледаше поинаку, немаше брада“, вели Вишневски.

    Според независниот весник „Новаја газета“, вистинското име на другиот лажен Вишневски е Алексеј Шмелев.

    „Тоа е срамота и исмевање на гласачите, но не можеме ништо да преземеме“, изјави Ела Памфилова, шефицата на Централната изборна комисија на Русија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира