ТИЊАТА ШТО ГО ПРЕКРИ МРАМОРНОТО МОРЕ СЕ ЗАКАНУВА ДА СЕ ПРОШИРИ НА ЕГЕЈСКОТО И ЦРНОТО МОРЕ И ДА СТАНЕ ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА

    ТИЊАТА ШТО ГО ПРЕКРИ МРАМОРНОТО МОРЕ СЕ ЗАКАНУВА ДА СЕ ПРОШИРИ НА ЕГЕЈСКОТО И ЦРНОТО МОРЕ И ДА СТАНЕ ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФАСивата слуз го прекри крајбрежјето на Истанбул и на други поголеми урбани центри околу Мраморното Море (Фото: ДПА)

    Неодамнешното ширење на густа, лигава тиња во Мраморното Море, што ги поврзува Егејското и Црното Море, се заканува да се претвори во регионална еколошка катастрофа, велат турските биолози. Сивата слуз го прекри крајбрежјето на Истанбул и на други поголеми урбани центри околу Мраморното Море во почетокот на мај. Ова цутење на микроскопски алги го задушува морскиот живот.

    „Само е прашање на време кога оваа слуз ќе се прошири на Егејското и Црното Море“, вели хидробиологот Левент Артуз.

    Тој и тим од 20-ина експерти набљудуваат 450 локации околу Мраморното Море од почетокот на 2021, пред лепливата супстанца да се прошири на поголемиот дел од морската површина.

    „Оваа катастрофа предизвикана од човекот се најавуваше со децении, а се влоши со неконтролираното исфрлување на индустрискиот и станбениот отпад во водите, што неповратно го наруши екосистемот на Мраморното Море. Ова може да стане меѓународен проблем, зашто супстанцата може брзо да се прошири“, вели Артуз.

    Слузта драстично ја намалила разновидноста на риби во Мраморното Море за само една година.

    „Бројот на видови во една станица падна од 200 на 20 минатата година, 60% од видовите се исчезнати“, додаде Артуз.

    Ова е најлошата ситуација од 1954 година, кога биолозите првпат почнале да го проучуваат регионот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира