И КОЦЕ И ЖЕРНОВСКИ СЕ ПРАВАТ НЕНАДЛЕЖНИ ЗА ОПАСНИОТ БИЛБОРД НА РАСКРСНИЦА ВО ДЕБАР МААЛО

a:2:{s:16:"td_post_template";s:18:"single_template_EU";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    И КОЦЕ И ЖЕРНОВСКИ СЕ ПРАВАТ НЕНАДЛЕЖНИ ЗА ОПАСНИОТ БИЛБОРД НА РАСКРСНИЦА ВО ДЕБАР МААЛО

    Нема одговорен за изборот на локацијата на новиот билборд на аголот што го формираат улиците Орце Николов и Ленинова или по ново Аминта Трети во Дебар Маало во строгиот центар на Скопје. Тој е еден од 24- те билборди кои ги поставува Општина Центар, но и покрај тоа општинарите велат дека не се надлежни за локацијата.

    „Билбордот е поставен со одобрение. Тој е еден од 11-те билборди што ги поставува Општина Центар од вкупно 24 кои може да ги постави на територијата на Општината според договорот со Град Скопје. За локацијата не сме надлежни ние, нам локациите ни ги одредува Град Скопје“, велат од Општина Ценар.

    На ист начин, за ненадлежни за локацијата за новиот билборд се огласија и од Град Скопје. Место одговор за начинот на кој била избрана локација, од Градот добивме само кусо објаснување дека билбордот е на Општина Центар.

    Во меѓувреме жителите на Центар имаат бројни забелешки за изборот на локацијата за билбордот.

    „Се поставува билборд на статистички најнебезбедната раскрсница, Орце Николов со Ленинова. Место дополнителна хоризонтална и вертикална сигнализација, билборд што го одзема вниманието па уште и удира во канделабра со сообраќаен знак“, е една од забелешките на граѓаните.

    Покрај барањето на местото на билбордот да се постави дополнителна сигнализација, граѓаните предлагаат и дрво да се засади место билбордот, а забележуваат и што Општината води сметка за поставување нови билборди, но не се грижи што нема корпи за отпадоци на улицата. На ваквите забелешки од Центар велат дека на барање на граѓаните, градоначалникот на Центар Андреј Жерновски успеал да издејствува да не се постави билборд во близина на кафулето „Круг“, локација која веќе била утврдена за поставување рекламно пано.

    Општина Центар има има 24 локации , а почна да поставува билборди во април годинава, кога на неколку места беа извадени клупи за да се постават билборди; – предвидениот билборд кај кружнот тек спроти кафулето „Круг“

    Општина Центар има има 24 локации , а почна да поставува билборди во април годинава, кога на неколку места беа извадени клупи за да се постават билборди; – предвидениот билборд кај кружнот тек спроти кафулето „Круг“

    Но, граѓаните и граѓанските организации како Плоштад Слобода и Во одбрана на Дебар Маало реагираат дека тоа се само безобѕирни оправданија и дека всушност Жерновски не се обѕирал на барањата на жителите ниту против билбордите ниту за зачувување на зеленилото.

    Општина Центар почна да поставува билборди во април годинава кога на неколку места беа извадени клупи за да се постават билборди. Поставувањето, според општинарите се врши по претходно изгласана одлука на Советот на Општина Центар и со одобренија од Град Скопје и со сообраќајна согласност од МВР.

    М. И. ПАЧЕМСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира