ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ ИСПИТУВА КОЈ И ЗОШТО ЈА ОСТАВИЛ МАРИХУАНАТА ПОД СЕДИШТА ПО ЗАПЛЕНАТА ВО 2016, ОТКАКО ДВАЈЦА ПОЛИЦАЈЦИ СЕ ПОСРАМОТИЈА НА ВЛЕЗ ВО ЦРНА ГОРА

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ ИСПИТУВА КОЈ И ЗОШТО ЈА ОСТАВИЛ МАРИХУАНАТА ПОД СЕДИШТА ПО ЗАПЛЕНАТА ВО 2016, ОТКАКО ДВАЈЦА ПОЛИЦАЈЦИ СЕ ПОСРАМОТИЈА НА ВЛЕЗ ВО ЦРНА ГОРА„Вработените во МВР немаат никаква поврзаност со дрогата и тоа го потврди и албанското Јавно обвинителство и тие се веќе вратени во Скопје“, соопшти вчера МВР. (Фото: Управа за приходи и царини на Црна Гора)

    Двајцата инспектори од одделот за компјутерски криминал од МВР кои беа фатени со стара марихуана пикната во бункер во 2016 година во колата на албанско-црногорската граница, немаат никаква вина, но истражните органи ќе испитуваат кој ја оставил марихуаната во возилото и што сакал да прави со неа.

    При вршење на кривично дело се одземаат сите предмети и возила, па оттаму за полицијата е несфатливо кога запленувале цариниците во 2016 година, зошто не ја испразниле целата заплена од возилото.

    Случајот, велат во МВР, е даден на Јавното обвинителство.

    „Во текот на вчерашниот ден, вработени во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР се упатиле на обука во Црна Гора, и за патување до таму задолжиле службено возило од авто-паркот на МВР, кое МВР го користи откако е добиено од Агенцијата за управување со одземен имот. Ова возило било запленето од страна на Царинската управа во акција за сузбивање на трговија со дрога во 2016-та година. Кога стигнале на границата меѓу Албанија и Црна Гора, во возилото била пронајдена марихуана, која била скриена под седиштата. Но, вработените во МВР немаат никаква врска со дрогата, туку таа била сокриена во автомобилот, односно останала од 2016-та година кога ова возило било запленето во акција на Царинската управа, а потоа дадено на Агенцијата, од каде пак е отстапено на МВР. Вработените во МВР немаат никаква поврзаност со дрогата и тоа го потврди и албанското Јавно обвинителство и тие се веќе вратени во Скопје“, соопшти вчера МВР.

    За целиот случај, вели МВР, известено е и нашето Обвинителство, за натамошно постапување и расчистување на случајот.

    Од Агенцијата за управување со запленет имот, од каде е земено возилото по правосилна судска пресуда за да не набавува МВР нови автомобили, отфрлаат каква било одговорност врз себе, зашто веруваат во способноста, како што велат, на органите кои работат во кривичната постапка пред да го испратат запленетиот предмет во нивните магацини. Ние немаме овластување и законско задолжение да вршиме ревизија на претрес од надлежни органи за тоа, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК од Агенцијата.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира