ПЕЈАЧОТ АР КЕЛИ ПРОГЛАСЕН ЗА ВИНОВЕН ЗА СЕКСУАЛНО ЗЛОСТАВУВАЊЕ НА ЖЕНИ И ДЕЦА, СЕ СООЧУВА СО ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР

    ПЕЈАЧОТ АР КЕЛИ ПРОГЛАСЕН ЗА ВИНОВЕН ЗА СЕКСУАЛНО ЗЛОСТАВУВАЊЕ НА ЖЕНИ И ДЕЦА, СЕ СООЧУВА СО ДОЖИВОТЕН ЗАТВОРКели беше обвинет дека ги искористувал своите слава и богатство за да намамува жртви (Фото: АП)

    Американскиот пејач Ар Кели е прогласен за виновен за сексуално злоставување жени и деца и за сексуална трговија во изминатите две децении.

    Единаесет обвинувачи, од кои девет жени и двајца мажи, сведочеа против 54-годишниот Ар Кели на шестнеделното судење, опишувајќи ги сексуалните понижувања и насилството што ги доживеале од него. Поротата ја прогласи некогашната аренби ѕвезда за виновна за сите обвиненија со кои се соочи. Казната ќе биде изречена на 4 мај и големи се шансите да го помине остатокот од животот зад решетки.

    Обвинителите го обвинија Кели дека ги искористувал своите слава и богатство за да намамува жртви, најчесто ветувајќи им музичка кариера. Неколку од жртвите сведочеа дека биле малолетни кога имале секс со него. Тој често ги наоѓал жртвите на своите концерти.

    Една жена сведочеше дека Кели ја затворил, дрогирал и силувал.

    „Подготвена сум да продолжам со животот ослободена од стравот и да започнам со процесот на зацелување“, кажа таа,

    Пресудата следува 13 години откако Кели беше ослободен од обвиненијата за детска порнографија.

    На судењето се слушна и како тој незаконски ѝ обезбедил работна дозвола на пејачката Алаја, пред да ја ожени кога имала 15 години. Таа загина во авионска несреќа во 2001.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира