„ПАТЕРСОН“ НА ЏАРМУШ ГО ОТВОРА СОЛУНСКИОТ ФЕСТИВАЛ

a:1:{s:9:"td_source";s:43:"Солун,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    „ПАТЕРСОН“ НА ЏАРМУШ ГО ОТВОРА СОЛУНСКИОТ ФЕСТИВАЛ

    „Патерсон“ на Џим Џармуш го отвора вечерва филмскиот фестивал во Солун, најголемиот филмски настан во регионот, чија главна селекција за награди е од дебија или втори филмови на авторите. Култниот американски автор Џармуш е омилен во Солун, ова е вторпат за 3 години негов најнов филм да го отвора фестивалот, а ќе има и специјална проекција на неговиот документарец „Дај ми опасност“ за легендарниот рок бенд „Стуџис“ на Иги Поп.

    Ова 57. издание на фестивалот отвора и ново поглавје, со ново раководство по оставката на ветеранот Димитри Еипидес. Нова генерална директорка е Французинката Елис Жаладо, а филмскиот критичар Орестис Андреакис, кој досега го водеше фестивалот во Атина, е нов уметнички директор. Жаладо беше аташе за култура во Француската амбасада во Атина, и е трет странец кој доаѓа на чело на голема културна институција во Грција, места кои ги потврдува Министерството за култура.

    Главната селекција за награди во Солун е од дебија или втори филмови на авторите

    Главната селекција за награди во Солун е од дебија или втори филмови на авторите

    Новото раководство ја преструктурира и програмата, годинава во главната конкуренција за Златен Александар има дури 17 филмови, a покрај традиционалните Отворени хоризонти и Балкански преглед, има и неколку нови програми, на некој начин тематски. Сепак, останува идејата главната селекција за награди да открива и лансира нови автори, а останатите програми да дадат солиден пресек на најдобрите филмови што играле на светските фестивали изминатава година. Победникот за Златен Александар ќе го бира жирито на чело со еден од најпознатите ирански автори Амир Надери.

    Меѓу најочекуваните филмови се „Смртта на Луј 14“ на Алберт Сера, „Зоологија„ на Иван Твердовски, „Продавачот“ на Асгар Ферхади, биофилмот за поетесата Емили Дикинсон „Тивка страст“ на Теренс Дејвис, „Личен купувач“ на Оливие Асајас.

    Македонија во Солун е присутна посредно, со романскиот филм „Сиераневада“ на Кристи Пују, чиј македонски копродуцент е Лабина Митевска, што ќе игра во Балкански преглед. Во оваа програма се и два филма што имаа балканска премиера во Скопје, на фестивалот Киненова – победникот „Слава“ на бугарското дуо Грозева-Валчанов и романската комедија „Два лоза“ на Паул Негоеску. Фокус во Балкански преглед годинава има на творештвото на еден од најреномираните турски автори Зеки Демиркубуз.

    М. КОСТОВА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира