Македонските атлетичари Дарио Ивановски и Андријана Поп Арсова се победници на Скопскиот маратон, чие што 17. издание се одржа денеска низ улиците на главниот град. Ивановски постигна време од 2:21:27 часа, додека Поп Арсова имаше време од 2:40:36 часа, а и двата резултата се нови македонски рекорди на оваа делница.
Во машка конкуренција, второто место го освои Младен Стевановиќ од БиХ, а трет беше Давид Перлич од Германија. Кај маратонките, второто место го освои Силвија Јукаила од Еквадор, додека на третото место заврши освоија Билјана Кираџиева.
И на полумаратонската трка победи македонска претставничка, Милјана Ристиќ, со време 1:26:09 часа, додека кај мажите во оваа конкуренција триумфираше Митко Ценов од Бугарија.