15 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУС ОД КОИ 3 ВО ПОСЛЕДНИВЕ 5 ДЕНА, УШТЕ 185 ПОЗИТИВНИ ОД 1.876 ТЕСТОВИ

    15 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУС ОД КОИ 3 ВО ПОСЛЕДНИВЕ 5 ДЕНА, УШТЕ 185 ПОЗИТИВНИ ОД 1.876 ТЕСТОВИAктивни се 11.787 болни од корнавирус. (Фото: К. Попов)

    Вкупно 15 починати од ковид-19, од кои 3 се пријавени дополнително со датум на смрт од 29.09.2021 до 03.10.2021, и нови 185 позитивни 1.876 тестирања, се регистрирани последниве 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Од починатите, 5 се од Скопје (53г, 75г, 79г, 79г, и 79г), по едно од Куманово (73г), Кочани (90г), Велес (83г), Прилеп (70г), Свети Николе (63г), Охрид (78г) и Крива Паланка (79г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови. Од дополнително пријавените починати, по едно лице е од Скопје, Струмица и Гевгелија, на возраст од 69 до 86 години. Од пријавените лица еден е починат во болнички услови, а 2 лица се починати во домашни услови.

    Новозаразените се во Скопје – 99, Велес и Кочани – по 14, Кавадарци – 12, Штип – 11, Свети Николе – 8, Куманово – 6, Охрид – 5, Струмица – 4, Прилеп, Виница и Пробиштип – по 2, Гостивар, Гевгелија, Радовиш, Крива Паланка, Кратово и Богданци – по 1 .

    Регистрирани сe 523 оздравени пациенти од: Скопје – 153, Охрид – 98, Струга – 73, Куманово – 28, Кочани – 19, Велес и Штип – по 18, Тетово – 17, Кичево – 14, Кавадарци – 13, Битола – 12, Струмица – 10, Свети Николе – 7, Прилеп, Гостивар и Крива Паланка – по 5, Пробиштип, Берово и Валандово – по 4, Виница, Гевгелија, Радовиш и Кратово – по 3, Неготино, Ресен, Дебар и Делчево – по 1.

    Направени се 1.876 тестови преку: ИЈЗ-378, ЦЈЗ Скопје-22, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-6, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–136, Жан Митрев (Филип Втори)-66, Авицена-60, Биотек-104, Систина-59, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа-0, Никоб лаб-248, ВФВ Медикал-7, Ели Медика-18, Ројал Медика –0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 772.

    Досега во земјата се направени вкупно 1.301.702 тестирања на ковид-19. Вкупно се дијагностицирани 192.654, од кои оздравени се 174.148, починаа 6.719, а активни се 11.787 болни.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
    Скопје 83902, Активни 5496
    Куманово 11506, Активни 995
    Тетово 10828, Активни 892
    Прилеп 9085, Активни 309
    Гостивар 7959, Активни 450
    Битола 7113, Активни 254
    Велес 6280, Активни 347
    Охрид 5983, Активни 486
    Кавадарци 5960, Активни 230
    Штип 5764, Активни 225
    Струмица 5749, Активни 267
    Кичево 3984, Активни 395
    Струга 3795, Активни 312
    Кочани 3292, Активни 159
    Гевгелија 2423, Активни 86
    Неготино 2319, Активни 36
    Свети Николе 1911, Активни 111
    Ресен 1537, Активни 80
    Радовиш 1526, Активни 87
    Дебар 1449, Активни 106
    Крива Паланка 1441, Активни 89
    Берово 1209, Активни 17
    Делчево 1124, Активни 68
    Виница 1037, Активни 50
    Пробиштип 918, Активни 32
    Валандово 819, Активни 20
    Кратово 578, Активни 59
    Богданци 552, Активни 18
    Крушево 529, Активни 22
    Македонски Брод 472, Активни 29
    Демир Хисар 445, Активни 30
    Демир Капија 411, Активни 5
    Пехчево 313, Активни 3
    Македонска Каменица 301, Активни 21
    Дојран 140, Активни 1

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира