Нобеловата награда за литература за 2021 ја доби писателот од Танзанија Абдуларазак Гурна. Шведската Академија соопшти дека наградата е признание за неговиот „бескомпромисен и сочувствителен продор во ефектите од колонијализмот и судбината на бегалците во јазот меѓу културите и континентите“.
Гyрна е роден во Занзибар во 1948, а од 1960-те живее во Англија, каде работи како професор на Универзитетот во Кент. Тој е автор на 10 романи, меѓу кои „Рај“, кој беше во најтесен избор за Букеровата награда во 1994.
Претседателот на Нобеловиот комитет за литература, Андерс Олсон, го нарече „еден од најистакнатите светски постколонијални писатели“.
Престижната награда се состои од златен медал и 10 милиони шведски круни (над 1.14 милиони долари).