Српското министерство за здравство стави во функција телефонски број на кој граѓаните ќе можат да ги пријават лекарите кои не препорачуваат вакцинирање без јасна, оправдана и конкретна медицинска причина.
Сите неправилности пријавени преку овој број ќе бидат процесуирани пред судот на честа на Лекарската комора на Србија, а против наведените лекари ќе бидат поднесени кривични пријави за загрозување на животот и здравјето на граѓаните.
Министерството уште еднаш упати апел до граѓаните да се вакцинираат зашто тоа е единствениот начин да се стави под контрола епидемијата на коронавирусот.
Србија беше една од првите земји во регионот и Европа која обезбеди доволно вакцини против ковид-19, но вакцинирањето заглави на 40% имунизирани, а особено голем отпор има кај младите.