АНГЛИСКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗАТВОРЕНА ОТКАКО ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ ИМАЛЕ НЕТОЧЕН НЕГАТИВЕН ТЕСТ ЗА КОВИД-19

    АНГЛИСКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗАТВОРЕНА ОТКАКО ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ ИМАЛЕ НЕТОЧЕН НЕГАТИВЕН ТЕСТ ЗА КОВИД-19Истрага била отворена откако голем број луѓе имале негативен ПЦР тест по позитивен резултат на брзите тестови (Фото: Шатерсток)

    Британските власти ја суспендираа лабораторијата за тестирање за ковид-19 во англискиот град Вулверхемптон поради грижите дека им дала неточен негативен ПЦР тест на илјадници луѓе кои можеби биле заразени. Агенцијата за безбедност во здравството (УКСХА) отворила истрага во лабораторијата откако голем број луѓе имале негативен ПЦР тест по позитивен резултат на брзите тестови.

    Препораките на владата се дека ПЦР тестовите се поточни и луѓето не треба да останат во самоизолација ако позитивен резултат на брзиот тест бил следен од негативен ПЦР тест.

    Според УКСХА, околу 43.000 луѓе можеби добиле неточен негативен ПЦР тест, најмногу во југозападна Англија, со што и бројот на заразени со коронавирусот бил потценет во периодот од 8 септември до 12 октомври.

    „Веднаш ги суспендиравме тестирањата во оваа лабораторија и отворивме истрага. Нема докази дека генерално има какви било грешки во опремата за брзи и ПЦР тестови и јавноста може со доверба да продолжи да се тестира“, изјавија од УКСХА.

    Оттаму додаваат дека станува збор за изолиран инцидент во една лабораторија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира