28-ГОДИШНО ЛИЦЕ ОД СКОПЈЕ МЕЃУ ДЕВЕТТЕМИНА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, 413 НОВИ БОЛНИ ОД 3.035 ТЕСТОВИ

    28-ГОДИШНО ЛИЦЕ ОД СКОПЈЕ МЕЃУ ДЕВЕТТЕМИНА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, 413 НОВИ БОЛНИ ОД 3.035 ТЕСТОВИВо земјава има 6.693 активни болни од ковид-19. (Фото: СДК.МК)

    Во последните 24 часа починаа 9 лица по компликаци од ковид-19, а од 3.025 тестирања регистрирани се 413 нови случаи, стои во денешната статистика на Министерството за здравство. Пријавени се 4 починати лица од Скопје (74г, 73г, 72г и 28г), 2 починати лица од Велес (86г и 74г) и по едно починато лице од Кавадарци (65г), Пробиштип (55г) и Штип (71г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

    Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“ пријавени се уште 4 починати лица, со датум на смрт од 06.10.2021 до 09.10.2021 година.

    Регистрирани се по едно починато лице од Куманово, Струмица, Кичево и Гостивар, на возраст од 57 до 84 години. Од пријавените лица 2 се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови.

    Новозаболени се регистрирани во: Скопје – 205, Куманово – 37, Велес – 20, Прилеп – 19, Битола – 15, Штип – 14, Кавадарци – 12, Пробиштип – 9, Тетово, Охрид и Гевгелија – по 8, Кичево и Кочани – по 7, Струмица – 6, Свети Николе, Крива Паланка и Делчево – по 5, Македонска Каменица – 4, Струга, Неготино, Радовиш и Кратово – по 3, Богданци и Демир Хисар – по 2, Гостивар, Берово и Пехчево – по 1.

    Регистрирани се 309 оздравени пациенти од: Скопје – 137, Куманово – 27, Штип – 20, Битола – 14, Кавадарци, Кочани и Свети Николе – по 12, Велес – 11, Тетово – 9, Прилеп – 8, Крива Паланка – 7, Охрид – 6, Виница – 5, Гевгелија и Струмица – по 4, Струга , Неготино, Кратово, Ресен и Валандово – по 3, Демир Хисар и Крушево – по 2, Пробиштип и Радовиш – по 1.

    Направени се 3.025 тестови преку: ИЈЗ-274, ЦЈЗ Скопје-66, ЦЈЗ Битола-59, ЦЈЗ Прилеп-34, ЦЈЗ Тетово–28, ЦЈЗ Куманово-55, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-18, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ „8 Септември“-0, Институт за микробиологија–150, Жан Митрев (Филип Втори)-72, Авицена-130, Биотек-264, Систина-62, лабораторија Лаор-107, Синлаб-8, Ремедика-7, Плодност–32, Генеа-8, Никоб лаб-348, ВФВ Медикал-32, Ели Медика-42, Ројал Медика –20, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.208.

    Досега во земјата се направени 1.336.229 тестирања на ковид-19.

    Вкупно ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата се 196.376, оздравени се 182.782, починаа 6.901, а активни случаи се 6.693.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

    Скопје 85758, Активни 3372
    Куманово 11816, Активни 552
    Тетово 10899, Активни 169
    Прилеп 9202, Активни 204
    Гостивар 7986, Активни 65
    Битола 7229, Активни 191
    Велес 6485, Активни 311
    Кавадарци 6073, Активни 161
    Охрид 6061, Активни 208
    Штип 5913, Активни 205
    Струмица 5828, Активни 186
    Кичево 4036, Активни 137
    Струга 3813, Активни 60
    Кочани 3382, Активни 124
    Гевгелија 2476, Активни 67
    Неготино 2335, Активни 22
    Свети Николе 1952, Активни 88
    Радовиш 1559, Активни 62
    Ресен 1547, Активни 41
    Крива Паланка 1519, Активни 119
    Дебар 1451, Активни 22
    Берово 1218, Активни 15
    Делчево 1132, Активни 46
    Виница 1062, Активни 40
    Пробиштип 953, Активни 41
    Валандово 833, Активни 15
    Кратово 615, Активни 50
    Богданци 566, Активни 19
    Крушево 536, Активни 11
    Македонски Брод 476, Активни 11
    Демир Хисар 463, Активни 32
    Демир Капија 410, Активни 1
    Македонска Каменица 336, Активни 44
    Пехчево 316, Активни 1
    Дојран 140, Активни 1

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира