22-ГОДИШНИОТ БИТОЛЧАНЕЦ КОЈ ПОЧИНА ОД КОВИД-19 НЕ БИЛ ВАКЦИНИРАН

    22-ГОДИШНИОТ БИТОЛЧАНЕЦ КОЈ ПОЧИНА ОД КОВИД-19 НЕ БИЛ ВАКЦИНИРАНОд Министерството за здравство велат дека имал обезитис, односно преголема телесна тежина. (Фото: СДК.МК)

    22 –годишното момче од Битола кое вчера почина од коронавирус не било вакцинирано, а како коморбидитет од Министерството за здравство посочуваат дека имал обезитис, односно преголема телесна тежина.

    Од Министерството соопштија дека пациентот бил лекуван во Клиничката болница во Битола. Имал позитивен тест на ковид -19 на 9 октомври, а уште следниот ден се јавил на преглед во Инфективното одделение во Битолската болница. Според лекарскиот извештај, пациентот бил без знаци за пневмонија, имал температура и му била препишана терапија за дома. Пациентот бил на лекарски преглед и следниот ден, па му биле закажани контролни анализи.

    На 12 октомври, поради влошување на РТГ наодот и лабораториски анализи, пациентот бил хоспитализиран. Во лекарскиот извештај е наведено дека бил ставен на кислородна поддршка и дадена му е соодветна терапија. Но, дошло до прогресивно влошување на состојбата и вчера починал.

    Бројот на активни случаи во Битола е 197. Од појавата на пандемијата досега во Битола починале 329 лица, но бројката на умрени во текот на овој бран е помала, отколку претходно кога добар дел од населението не беше вакцинирано.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира