ИЗЛЕЗНОСТА НА ИЗБОРИТЕ ДО 9 ЧАСОТ Е 3.28 ОТСТО, НЕКАДЕ ИМА ПРОБЛЕМИ СО УРЕДИТЕ ЗА ОТПЕЧАТОК ОД ПРСТ, НО ТЕКОВНО СЕ РЕШАВААТ, ВЕЛИ ДИК

    ИЗЛЕЗНОСТА НА ИЗБОРИТЕ ДО 9 ЧАСОТ Е 3.28 ОТСТО, НЕКАДЕ ИМА ПРОБЛЕМИ СО УРЕДИТЕ ЗА ОТПЕЧАТОК ОД ПРСТ, НО ТЕКОВНО СЕ РЕШАВААТ, ВЕЛИ ДИКВо некои избирачки места, каде поради лоши отпечатоци не може да се препознаат, гласањето тече со оставање на отпечаток во хартиениот избирачки список и им се озовоможува на граѓаните да гласаат понатаму, рече Даштевски. (Фото: К. Попов)

    До 9 часот, до Државната изборна комисија (ДИК) стигнати се податоци од 38.07 отсто од избирачките места, дека на седмите Локални избори гласале 23 илјади граѓани, што значи дека излезноста е  3.28 отсто, рече на прес-конференција претседателот на ДИК Александар Даштевски.  Гласањето почна во 7 часот, за првпат се гласа со уреди за отпечаток од прст, и во најголем дел од избирачките места се одвива без проблеми, вели Даштевски.

    „Во одредени избирачки места кои се во помал број се појавија одредени потешкотии околу ракувањето со уредите за отпечаток од прст, дел од нив се веќе надминати, а дел тековно се отстрануваат со помош на техничките лица на самите избирчачки места. Во некои избирачки места, каде поради лоши отпечатоци не може да се препознаат, гласањето тече со оставање на отпечаток во хартиениот избирачки список и им се озовоможува на граѓаните да гласаат понатаму“, рече Даштевски.

    Гласачите на дел од местата во Скопје реаграа дека гласањето е видно успорено поради процесот на земање отпечаток од прст на уредите, оти кај повеќемина треба и по пет-шест пати да се повтори додека се покажат податоците.

    Даштевски кажа и дека ДИК ги известила сите општински изборни одбори како да постапат ако имаат проблеми со уредите, и дека им е напоменато оти стариот начин на гласање со спреј и ув-лампа се применува само во случај ако уредот за биометриска иднетификација е неупотреблив или нема можност за негова замена.

    Даштевски додава дека ако е прекинато гласањето, според законското правило, продолжува за онолку време колку што е прекинаото, но не повеќе од три часа.

    Право на глас имаат 1.824.864 гласачи, што е најмногу од сите локални избори досега и пораст од 10.220 гласачи во однос на изборите во 2017. Ќе се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје.

     Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира