Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски рече дека во согласност со Изборниот законик, гласањето завршува во 19 часот и после 19 часот се затвораат вратите.
„Во врска со гласањето каде се затекнале гласачи и треба да гласаат, ДИК смета дека е добро и треба да се излезе во пресрет и на гласачите, медиумите и на партиите, па затоа повикуваме до 19:30 часот да се воздржат од своите редовни активности. Проценуваме дека гласачите ќе влезат во објектите до 19:30 часот и ДИК смета дека е ова најдобро решение“, рече Даштевски.
Тој продолжи дека резултатите, за првпат досега во земјава, ќе бидат внесени директно од избирачките места и ќе бидат достапни на вебстраницата на ДИК за Локалните избори 2021.
Излезноста до 18.30 часот е 49 отсто.
Б. НЕСТОРОСКА