Во Скопје, Петре Шилегов ќе биде нов градоначалник, бидејќи води пред Данела Арсовска, а СДСМ победува во прв круг или води и влегува во водство во втор круг во над 25 општини, кажа Љупчо Николовски, шеф на централниот изборен штаб на СДСМ за локалните избори.
Од другите општини, Николовски ги наброја Струмица, Делчево, Крушево, Дојран, Кочани, Карпош, Центар, Пробиштип, Шуто Оризари, Пехчево, Демир Капија, Демир Хисар, Маврово и Ростуше, Росоман, Чашка и Старо Нагоричане, меѓу другите.
За Куманово, Долнени, Дебарца и Струга рече дека водат пред ВМРО-ДПМНЕ.
„Локалните избори секогаш имаат втор круг, затоа кочи Мицко. СДСМ го има најголемиот коалициски капацитет во плуралната историја на Македонија“, изјави Николовски на прес-конференција и додаде дека СДСМ ќе освои повеќе општини од ВМРО-ДПМНЕ.