Кандидатот на СДСМ Костадин Костадинов прогласи победа во првиот изборен круг во на локалните избори во Струмица, каде што имаше тројца кандидати за градоначалник. Тој пред насобраните граѓани пред партискиот штаб кажа дека забележале победа со разлика од 4.000 гласа и било обврска да им служи на граѓаните. Паралелно соопшти дека коалицијата на СДСМ го доби и мнозинството во Советот
„Ова огромна поддршка ме обврзува да бидеме отворени за сите. Ова е огромна одговорност и треба да бидеме отворени, комуникативни од градоначалникот па се до последниот службеник во општина Струмица“, кажа Костадинов.
Победа прогласија и кандидатите на СДСМ во Валандово, Богданци и Дојран. Таму Перо Костадинов, Блаже Шапов и Анго Ангов добија по уште еден мандат од четири години.
Втор круг избори за градоначалник ќе има во руралните Василево, Босилово и Ново село каде пресудија неважечките ливчиња. Втор круг ќе има и во Гевгелија и Радовиш каде најверојатно ќе се најдат кандидатите на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ
Опозициската ВМРО ДПМНЕ на југоистокот победа во прв изборен круг прогласи победа во Општина Босилово каде нов градоначалник ќе биде Ристо Манчев
В. ТРАЈКОВ