48 ВЕЛЕШАНИ ДЕНЕСКА ЈА ПРИМИЛЕ ТРЕТАТА ДОЗА НА КОВИД ВАКЦИНАТА, А САМО 58 ЗА ТРИ НЕДЕЛИ

    48 ВЕЛЕШАНИ ДЕНЕСКА ЈА ПРИМИЛЕ ТРЕТАТА ДОЗА НА КОВИД ВАКЦИНАТА, А САМО 58 ЗА ТРИ НЕДЕЛИДосега во Велес само здравствените работници се вакцинираа со третата доза (Фото: СДК.МК)

    Можноста за примање трета доза од вакцината против ковид-19 претпладнево во Велес ја искористиле 48 лица. Досега за три недели, заклучно со петокот, со трета доза се вакцинирале вкупно 58 велешани, сите здравствени работници.

    Новина која се применува од денеска се однесува на сите кои се вакцинирани и ревакцинирани со вакцините на „Синовак“ и „Синофарм“, а третата доза можат да ја примаат три месеци по втората.

    „Денеска имавме добар интерес за третата доза, која ја примија и здравствените работници, но и други граѓани од сите возрасти кои претходно се вакцинирани со кинеските вакцини. Сите примија вакцина на ‘Фајзер‘“, кажа д-р Марина Тодоровска, координаторка за вакцинација против коронавирусот во Велес.

    Минатата седмица, прва доза примиле 101 граѓанин, а втора доза 337. Вакцинацијата се изведува во Здравствениот дом од 7:30 до 13:30 часот.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира