АЛБАНИЈА ДОГОДИНА ЌЕ ГИ ЛАНСИРА ПРВИТЕ САТЕЛИТИ ВО ВСЕЛЕНАТА

    АЛБАНИЈА ДОГОДИНА ЌЕ ГИ ЛАНСИРА ПРВИТЕ САТЕЛИТИ ВО ВСЕЛЕНАТАЕди Рама вели дека лансирањето ќе го изведе компанијата на Илон Маск (Фото: АП)

    Премиерот Еди Рама објави дека Албанија следната година ќе ги лансира своите први сателити во вселената, во соработка со компанијата на Илон Маск, „СпејсЕкс“.

    „Албанија во орбитата, неверојатно, но вистинито“, вели Рама во видеото објавено на социјалните мрежи.

    Првиот албански сателит наречен „Албанија 1“ ќе биде испратен во вселената во март, додека лансирањето на „Албанија 2“ ќе следува во јуни. Рама не изнесе информации за типот на сателитите, додавајќи дека „СпејсЕкс“ го запознал со деталите за лансирањето.

    „‘Албанија 1‘ и ‘Албанија 2‘ ќе ни овозможат да ја засилиме контролата врз целата територија на земјата“, изјави Рама.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира