БУГАРИТЕ БИРААТ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ ОД 21 КАНДИДАТ

a:1:{s:9:"td_source";s:20:"Софија,(АП)

    БУГАРИТЕ БИРААТ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ ОД 21 КАНДИДАТ

    Бугарите денеска бираат нов претседател кој ќе се соочи со можен раст на мигрантите од соседна Турција и со растечките тензиите меѓу Русија и Западот. Гласачките места во Бугарија беа отворени во 7 часот по локално време и ќе се затворат во 20 часот. Прелиминарните резултат ќе бидат познати 90 минути по завршување на гласањето. Конечните резултати ќе бидат соопштени во вторник.

    Анкетите покажуваат дека ниту еден од 21 кандидат нема да победи во првиот круг со освојување на над 50% од гласовите и дека ќе има втор круг на 13 ноември. Фаворит е претседателот на парламентот Цецка Цачева, 58-годишен адвокат и член на владејачката партија ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов. За да стане претседател на земјата со популација од 7,2 милиони, Цачева треба да го победи кандидатот на Социјалистичката паритја Румен Радев, 53-годишен поранешен пилот. Ако победи Цачева, се очекува да продолжи со проевропската политика на досегашниот претседател Росен Плевнелиев, додека нејзиниот противкандидат се залага за поблиски односи си Русија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира