ДАНЕЛА АРСОВСКА ИМА БУГАРСКО ДРЖАВЈАНСТВО, ВЕЛАТ ОД СДСМ, ТАА МОЛЧИ, А ОД ВМРО-ДПМНЕ ДЕМАНТИРААТ

    ДАНЕЛА АРСОВСКА ИМА БУГАРСКО ДРЖАВЈАНСТВО, ВЕЛАТ ОД СДСМ, ТАА МОЛЧИ, А ОД ВМРО-ДПМНЕ ДЕМАНТИРААТВМРО-ДПМНЕ во март годинава предложи да не може да се стане пратеник со двојно државјанство. - Данела Арсовска на гласање на локалните избори (Фото: СДК.МК)

    Пратеничката Славјанка Петровска од СДСМ денеска на прес-конференција покажа документ со кој тврди дека е доказ-оригинал за бугарско државјанство на независната кандидатка за градоначалничка на Скопје која во бугарскиот документ е запипшана со „и“ –  Даниела Арсовска.

    Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ги демантираше „ваквите невистини“ за независната кандидатка.  Арсовска не одговараше ниту на телфон, ниту на смс пораките што ѝ ги пративме дали бугарскиот документ кој го покажа пратеничката на СДСМ е за неа, или за некоја друга Даниела.

    „На виделина е вистината за кандидатката на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска. Арсовска во 2011 година се стекнала со бугарско државјанство. Во ‘Удостоверение’ од бугарското министерство за правда, јасно се наведува дека вицепретседателот на Бугарија со Указ од 2011 ѝ дал на Арсовска бугарско државјанство“, рече пратеничката Петровска.

    Таа ја обвини Арсовска дека веќе десет години има резервна татковина.

    „Не може Арсовска да се грижи за интересите на скопјани кога има бугарско државјанство и е почесен конзул на Република Унгарија“, кажа пратеничката, нарекувајќи ја кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ – „инсталација на Груевски“.

    Дигиталната редакција САКАМДАКАЖАМ.МК сакајќи да ја слушне и втората страна ја замоли Арсовска со смс порака да каже дали се вистинити тврдењата дека има и бугарско државјанство.

    Одговор од не добивме.

    Пристигна реакција од центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ дека „СДСМ лаже и манипулира за наводен бугарски пасош на Данела Арсовска“ и „во целост ги демантира ваквите невистини“.

    ВМРО-ДПМНЕ во март годинава во Собранието најави дека ќе предлжи да не може да се стане пратеник со двојно државјанство. Официјално овој предлог никогаш не го поднесе, а тоа не го стори ни СДСМ.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира