САД ЈА ПРЕПОРАЧАА КОВИД ВАКЦИНАТА НА „ФАЈЗЕР“ ЗА ДЕЦАТА ОД 5 ДО 11 ГОДИНИ, БИ ПРИМАЛЕ ТРЕТИНА ОД ДОЗАТА ЗА ВОЗРАСНИТЕ

    САД ЈА ПРЕПОРАЧАА КОВИД ВАКЦИНАТА НА „ФАЈЗЕР“ ЗА ДЕЦАТА ОД 5 ДО 11 ГОДИНИ, БИ ПРИМАЛЕ ТРЕТИНА ОД ДОЗАТА ЗА ВОЗРАСНИТЕВо САД веќе се вакцинираат децата од најмалку 12 години (Фото: Гети)

    Експертски панел на американската Агенција за храна и лекови (ФДА) ја препорача употребата на ковид вакцината на „Фајзер/Бионтек“ за децата од пет до 11 години, што отвора пат за нејзино итно одобрување во САД во наредниот период.

    Минатиот месец, „Фајзер“ објави дека вакцината е безбедна за оваа возрасна група. Во САД веќе се вакцинираат децата од најмалку 12 години. Најновата одлука опфаќа 28 милиони американски деца и таа сега треба да биде одобрена од ФДА и Центарот за контрола и превенција на болести. Се очекува вакцинирањето да почне најрано на 3 ноември.

    Панелот на ФДА заклучи дека придобивките од вакцината ги надминуваат ризиците, вклучувајќи воспаление на срцето, што е многу редок несакан ефект на вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“.

    Децата од пет до 11 години би добивале третина од дозата што им се дава на возрасните.

    Според официјалните податоци, досега од ковид-19 починале 160 американски деца на возраст од пет до 11 години, а милиони се заразиле, од кои илјадници завршиле во болница. Во САД се регистрирани повеќе од 5.000 случаи на ретка воспалителна болест што се поврзува со ковид-19, од која починале 46 деца.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира