БАРСЕЛОНА МУ ДАДЕ ОТКАЗ НА КУМАН СО ОТШТЕТА ОД 12 МИЛИОНИ ЕВРА

    БАРСЕЛОНА МУ ДАДЕ ОТКАЗ НА КУМАН СО ОТШТЕТА ОД 12 МИЛИОНИ ЕВРАКуман ја остава екипата на 9. место на табелата (Фото: ФЦ Барселона)

    Барселона ноќеска го отпушти тренерот Роналд Куман по 14 месеци на функцијата, само неколку часа по поразот од Рајо Валекано со 1:0. Ова следува откако Барселона собра само 15 бодови во првите десет првенствени кола и се наоѓа на деветтото место на табелата. Таа исто така има два пораза во групната фаза од Лигата на шампионите.

    „Претседателот Лапорта го информираше Куман за одлуката по натпреварот со Рајо Валекано. Роналд Куман денеска ќе се збогува со екипата“, објави Барселона на Твитер по полноќ.

    Свој удел во отказот за Куман имаше и македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, кој му одбрани пенал на Мемфис Депај.

    Според шпанските медиуми, Барселона ќе му исплати рекордно висока отштета на Куман за раскин на договорот, која изнесува 12 милиони евра. На Куман не му одеше во прилог и тоа што ја водеше Барселона среде големата финансиска криза во клубот, поради која и Лео Меси мораше да си замине летоска.

    Меѓу фаворитите да го наследи Куман е клупската легенда Чави, кој моментално работи во Катар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира