КРАДЕЦ ИСТЕПАЛ ПОЛИЦАЈЦИ ШТО ГО ФАТИЛЕ ПРИ КРАЖБА ВО ВЕЛЕС

    КРАДЕЦ ИСТЕПАЛ ПОЛИЦАЈЦИ ШТО ГО ФАТИЛЕ ПРИ КРАЖБА ВО ВЕЛЕСДвајцата полицајци побарале лекарска помош по нападот (Фото: СДК.МК)

    Велешки полицајци синоќа фатиле крадец на дело, кој при апсењето ги нападнал и им нанесол повреди. МВР објави детали за инцидентот, кој се случил во близина на зградата на Повардарска Епархија.

    „На 29 октомври во 22:30 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А. Д. (20) од Велес кој бил затекнат при вршење на кривичното дело кражба во куќа на улицата Ѓоре Органџиев, а потоа и физички ги нападнал полициските службеници“, соопшти МВР.

    Двајцата полицајци кои го уапсиле сторителот побарале лекарска помош во велешка болница. Имале модринки и повреди по лицето од здобиените удари.

    „Околу полноќ, двајца полицајци побарале лекарска помош на хируршкото одделение. Дваесетгодишникот има лесни повреди на лицето и шаката, исто како и неговиот 25-годишен колега. Немаат тешки повреди и се пуштени на домашна нега“, кажа д-р Елена Левкова-Ќулумова, портпаролка на велешка болница.

    Од полицијата додаваат дека по целосното документирање на случајот, против сторителот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира