Косовската полиција изјави дека уапсила седум лица под сомнение за терористички активности, јави АП.
Нема детали во полициското соопштение што сториле осомничените, но велат дека нивните акции во Косово биле координирани во соседните Албанија и Македонија.
Нивните апсења во три градови во саботата се поколопија со апсењата во Албанија на четворица осомничени за финансирање и регрутирање на борци на ИСИС за Сирија.
Истрагата е во тек, јави АП.