КРАЛИЦАТА Е ВО МНОГУ ДОБРА ФОРМА, КАЖА БОРИС ЏОНСОН ОТКАКО ЛЕКАРИТЕ ЈА СОВЕТУВАА ДА ОДМОРА ДВЕ НЕДЕЛИ

    КРАЛИЦАТА Е ВО МНОГУ ДОБРА ФОРМА, КАЖА БОРИС ЏОНСОН ОТКАКО ЛЕКАРИТЕ ЈА СОВЕТУВАА ДА ОДМОРА ДВЕ НЕДЕЛИМинатата недела Елизабета Втора помина ноќ во болница за првпат по осум години (Фото: АП)

    Кралицата Елизабета Втора е во многу добра форма, изјави британскиот премиер Борис Џонсон откако таа беше советувана од лекарите да одмора и избегнува јавни настани најмалку две недели.

    Во британската јавност се појави загриженост за здравјето на 95-годишната кралица откако таа откажа неколку планирани настани и патувања и минатата недела помина ноќ во болница за првпат по осум години. Бакингамската палата не кажа за што станува збор, освен дека не е поврзано со ковид-19.

    „Зборев со нејзиното височество и таа е во многу добра форма. Таа мора да следи совети од нејзините лекари и да одмора. Целата земја ѝ посакува сè најдобро“, кажа Џонсон.

    Елизабета Втора, која е монарх со најдолг стаж на светот, одмора во замокот Виндзор и нема да учествува на претстојниот самит за климата во Глазгов, каде што требаше да им се обрати на светските лидери.

    Бакингамската палата објави дека таа има намера да присуствува на голем настан на кој им се оддава почит на воените ветерани на 14 ноември, зашто ѝ бил од големо значење.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира