Рамис Мерко од ДУИ останува градоначалник на Струга, откако со разлика од околу 2.000 гласови победи во вториот круг од локалните избори. Неговиот противкандидат од Алијанса на Албанците Идри Истрефи го призна поразот.
„Не успеваме. Со цела сила се боревме со секоја енергија што ја имавме, но очигледно не беше доволна да победиме Струга. Животот продолжува. Заедно со неа, трудот да се направи најдоброто за Струга, за генерациите што доаѓаат“, објави Истрефи.
Ваквиот развој на настаните, според Истрефи, не треба да влијае врз животот на стружани.
С. ВРЕНЦОВСКА