ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ПРВА НА СВЕТОТ ГО ОДОБРИ ЛЕКОТ ПРОТИВ КОВИД-19 НА „МЕРК“

    ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ПРВА НА СВЕТОТ ГО ОДОБРИ ЛЕКОТ ПРОТИВ КОВИД-19 НА „МЕРК“„Молнупиравир“ треба да се зема пет дена по двапати дневно (Фото: АП)

    Велика Британија стана прва земја на светот која го одобри лекот против ковид-19 што заеднички го развија американските компании „Мерк“ и „Риџбек“. Британските здравствени регулатори ја препорачаа употребата на „молнупиравир“ набргу по позитивен тест за ковид-19, односно во рок од пет дена од појавата на симптомите.

    Ова е првпат да се одобри едно орално лекарство против ковид-19 и се очекува истото да го направат и САД следниот месец.

    Справувањето со пандемијата досега се фокусираше на вакцините, а лековите како „ремдесивир“ и „дексаметазон“ главно им се даваат на веќе хоспитализирани пациенти.

    Според податоците објавени минатиот месец, „молнупиравир“ ја намалува стапката на хоспитализација и смрт за 50% кај благо или умерено болни пациенти од ковид-19 кои имаат барем еден ризичен фактор. Лекот треба да се зема пет дена по двапати дневно.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира