ПАНЧЕВСКИ ПРВИН МУ ПОДНЕЛ НА ЏОЛЕВ ДИСЦИПЛИНСКА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ, ПА ПОТОА ЏОЛЕВ НЕМУ КРИВИЧНА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПАНЧЕВСКИ ПРВИН МУ ПОДНЕЛ НА ЏОЛЕВ ДИСЦИПЛИНСКА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ, ПА ПОТОА ЏОЛЕВ НЕМУ КРИВИЧНА

    Претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, кој тврдеше за САКАМДАКАЖАМ.МК дека две години немал никаков контакт со судијата за прекршоци Иван Џолев за да му врши какви било притисоци, пред околу две недели поднел дисциплинска постапка против него.

    Откако Панчевски ја поднел претставката против Џолев до Советот за утврдување на факти, со која, неофицијално, побарал разрешување на судијата Џолев, овој му ја поднел кривичната пријава во Основното јавно обвинителство Скопје, за вршење влијание врз судија за незаконско постапување.

    За војната што се отворила меѓу нив, молчат обајцата. Заедничко им е и тоа што и двајцата се кандидати за претседатетел на Основниот суд Скопје 1, кој ќе се бира по 11 декември, кога ќе завршат парламентарните избори.

    Третиот кандидат за ова место е судијата Владимир Туфегџиќ од ОС Скопје 1.

    Претседателот на Советот за утврдување факти Сашо Поцевски за САКАМДАКАЖАМ.МК потврди дека Панчевски поднел претставка против судијата Џолев.

    „Поднесената претставка се води под ‘строго дов’. Ви велам дека е под ‘строго дов’ и информации во оваа фаза не може да се изнесуваат. Формирана е комисија во Советот и таа треба да одлучи дали има елементи за покренување дисциплинска постапка пред Судскиот совет или не. Не сме дошле уште до фаза на одлука“, ни изјави Сашо Поцевски, претседател на Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување на одговорност за судијата.

    Судијата Иван Џолев од Судот за прекршоци при Основниот суд Скопје 1, во петокот до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против Владимир Панчевски за кривично дело поврзано со влијание врз судија, со цел да преземе одделни незаконити дејствија поради влијание.

    Неофицијално, се работи за случај со разбојништво од страна на косовски државјани, за кои Панчевски, пред две години, пред да го прераспореди Џолев во Судот за прекршоци, вршел влијание кај судијата Џолев.

    „Верувам дека Јавното обвинителство сериозно ќе ја разгледа кривичната пријава и во најбрз можен рок ќе преземе процесни дејствија во врска пријавата. Верувам и во судството и во Кривичниот суд, во моите колеги и верувам дека овој преседан, односно исклучок, само ќе потврди дека судиите во овој суд судат согласно законите и се залагаат за владеење на правото“, соопшти судијата Џолев, кој работи во прекршочниот оддел за јавен ред и мир, без да го открие идентитетот на судијата против кого ја поднесува пријавата.

    Панчевски по ова за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави: „Ако некој судија му вршел притисок, требало мене да ми се пожали. Ако сум му вршел притисок јас, требало да ме пријави кај повисок суд, во Судскиот совет или во комисијата за утврдување факти. Не сум го видел скоро две години, освен на проширени обавезни состаноци, не знам како сум можел да му вршам притисоци“. Притоа, дисциплинската против судијата Џолев ја премолча.

    Канцеларијата на Јавниот обвинител на РМ Марко Зврлевски не дава никакви информации во врска со пријавата, како што вели, поради тајност на постапката. Не се знае дали воопшто ќе ја процесира пред изборот на претседател на Кривичниот суд, каде за втор мандат се кандидирал Панчевски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира