Српскиот фолк пејач Маринко Роквиќ почина денес во Белград на 68 години.
Српските медиуми пренесуваат дека Роквиќ изминативе денови бил хоспитализиран и оти бил во критична здравствена состојба. Според нив, пејачот имал бактерија која го нападналa организмот. Ковид-19 прележал лани.
Роквиќ ја започнал кариерата во 1974. Има снимено 21 албум, повеќе сингл-плочи, а беше познат како пејач на севдалинки и голем број фолк хитови.