ЛУЃЕТО ВО МАКЕДОНИЈА ПОЗДРАВО СЕ ХРАНЕА ВО ПАНДЕМИЈАТА, НО КАЈ НЕКОИ СЕ ЈАВИ ПРОБЛЕМОТ СО ДЕБЕЛИНАТА, СЕ ВЕЛИ ВО ИСТРАЖУВАЊЕТО НА ПРОФЕСОРКАТА НЕВЕНА ГРУЕВСКА

    ЛУЃЕТО ВО МАКЕДОНИЈА ПОЗДРАВО СЕ ХРАНЕА ВО ПАНДЕМИЈАТА, НО КАЈ НЕКОИ СЕ ЈАВИ ПРОБЛЕМОТ СО ДЕБЕЛИНАТА, СЕ ВЕЛИ ВО ИСТРАЖУВАЊЕТО НА ПРОФЕСОРКАТА НЕВЕНА ГРУЕВСКАГруевска (во средина) го спровела истражувањето врз поширока популација на возраст од 30 до 65 години (Фото: СДК.МК)

    Населението во Македонија повеќе јаде домашно подготвена храна со појавата на коронавирусот, па затоа и поздраво се храни, но сепак заостанува зад светскиот просек. Ова го покажа научниот труд на професорката и претседателка на Македонското научно друштво од Битола, Невена Груевска, за влијанието на пандемијата врз прехранбената индустрија и навиките за исхрана.

    „Се променија навиките во исхраната на луѓето, пред сè, подготовката на храна дома поради ограниченото движење што го имавме. Во истражувањата утврдив дека голем дел од популацијата применуваше здрав начин на исхрана, се посегна по витамини и антиоксиданси за да се зголеми имунитетот, кој беше нагласуван како многу важен за одбрана од коронавирусот“, рече Груевска, која го спровела истражувањето врз поширока популација на возраст од 30 до 65 години.

    Дел од населението во пандемијата конзумирал храна повеќе од обично, па некои се соочиле со проблемот на дебелината. На светско ниво, навиките за правилен начин на исхрана се зголемиле за 40-50% , а кај нас процентите се помали.

    „Кај поголем дел од популацијата се јави прекумерна тежина. Бевме ограничени во движењето и многумина посегнуваа по храна за да ја смират паниката што се јавуваше во тие моменти“, додава Груевска.

    Нејзиниот труд е еден од 17-те што утре ќе бидат презентирани на научно-стручниот собир „Влијанието на пандемијата врз науката – искуства и примери на професионални предизвици во општеството“, во организација на Македонското научно друштво од Битола.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира