ЏАФЕРИ САМ СО ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ И МИНИСТРИТЕ, БЕЗ ПРАТЕНИЦИ ВО САЛАТА, ПРЕД ПОЛНОЌ КОНСТАТИРАШЕ ДЕКА НЕ Е ИЗГЛАСАНА НЕДОВЕРБА НА ВЛАДАТА

    ЏАФЕРИ САМ СО ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ И МИНИСТРИТЕ, БЕЗ ПРАТЕНИЦИ ВО САЛАТА, ПРЕД ПОЛНОЌ КОНСТАТИРАШЕ ДЕКА НЕ Е ИЗГЛАСАНА НЕДОВЕРБА НА ВЛАДАТАПред да им честита на Заев и на министрите, меѓу кои го немаше Арјанит Хоџа од Беса, Џафери им кажа дека од утре Владата продолжува во полна функција да си ги извршува задачите и обврските. (Фото: К. Попов)

    Претседателот на Собранието Талат Џафери во пленарната собраниска сала, сам без ниту еден пратеник, во присуство само на премиерот Зоран Заев и на министрите, констатираше дека не е изгласана недоверба на Владата.

    Пред да им честита на Заев и на министрите, меѓу кои го немаше Арјанит Хоџа од Беса, им кажа дека од утре Владата продолжува во полна функција да си ги извршува задачите и обврските.

    Откако не обезбедија кворум од 61 пратеник за да ја урнат Владата, од Собранието првин си заминаа подносителите на иницијативата за гласање доверба на Владата, пратениците од опозицијата на чело со ВМРО-ДПМНЕ, а потоа и тие од владејачкото мнозинство.

    „Имајќи го предвид фактот дека од моментот на поставување на прашањето за доверба на Владата поднесено од опозицијата со 61 пратеник треба да се изјаснува Собранието за три дена, а третиот ден во моментов одминува, притоа дневниот ред не е изгласан и не може да се отвори дебата за доверба на Владата, констатирам дека недоверба не е изгласана”, рече Џафери.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира