ЗНМ И СИНДИКАТОТ ПОВИКАА НА СОЛИДАРНОСТ СО КОЛЕГИТЕ ОД „УТРИНСКИ ВЕСНИК”

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗНМ И СИНДИКАТОТ ПОВИКАА НА СОЛИДАРНОСТ СО КОЛЕГИТЕ ОД „УТРИНСКИ ВЕСНИК”

    Претседателот на Синдикатот на новинарите Тамара Чаусидис е уверена дека лошата економска состојба и намалените тиражи на весниците на МПМ се последица на слугинскиот однос на сопствениците на медиумите кон власта. На денешната прес-конференција во Клубот на новинари, која се одржа во знак на поддршка на колегите од „Утрински весник“, на кои раководството на МПМ им најави отпуштање од работа или целосно затворање на редакцијата, Чаусидис кажа и дека таквиот однос продуцира лоши деловни одлуки, меѓу другото и поставување „пожелни“ главни уредници, мешање во уредувачката политика и, на крај, производ весник кој не е интересен за публиката.
    МПМ е во криза по заминувањето на ВАЦ во 2012 година поради политички притисоци.

    Љубиша Станковиќ од синдикатот на „Утрински весник” ја дополни Чаусидис, велејќи дека четири дена пред последната, како што кажа тој, непристојна понуда за „Утрински весник“, од раководството на синдикалните претставници новинарите биле уверувани дека нема да има отпуштања ниту намалувања на плати.
    „Неодамна се сретнавме со Срѓан Керим и тој ни најави дека платите нема да доцнат и дека ќе стигаат еднаш во месецот. Неколку дена подоцна, поточно вчера, бевме известени дека компанијата работи со загуба од 1.800.000 денари и дека поради тоа ќе бидат отпуштени 10 вработени”, додаде Станковиќ.

    Од новинарскиот синдикат порачаа дека поради тоа што Македонија има антисиндикална политика, и поради тоа што ова не е првиот проблем во низата со кој се соочуваат новинарите, од денеска почнуваат јавен отпор против сите притисоци. Ги повикаа сите колеги новинари, но, и читателската публиката да искажат поддршка на кој било начин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира