Глен де Врис, американскиот бизнисмен кој минатиот месец леташе во вселената со компанијата на Џеф Безос „Блу Ориџин“, загина во авионска несреќа. Тој имаше 49 години, соопшти полицијата во Њу Џерси.
Авионот Цесна-127 паднал близу Њу Џерси, во четвртокот околу 15 часот по локално време, а покрај Де Врис, загинал и 54-годишниот Томас Фишер.
Минатиот месец, Де Врис помина 10-тина минути во вселената, а заедно со него во леталото „Њу Шепард“ беа актерот Вилијам Шетнер, австралискиот бизнисмен Крис Бошуизен и директорката на „Блу Ориџин“ Одри Пауерс.