ТРАМП ГИ ОСВОИ КЛУЧНИТЕ ДРЖАВИ И Е МНОГУ БЛИСКУ ДО ПОБЕДА

a:1:{s:9:"td_source";s:28:"Вашингтон,(ДПА)

    ТРАМП ГИ ОСВОИ КЛУЧНИТЕ ДРЖАВИ И Е МНОГУ БЛИСКУ ДО ПОБЕДА

    Републиканскиот кандидат Доналд Трамп освои серија клучни држави на патот до потребниот број изборни гласови за да победи на претседателските избори во САД: Трамп има водство од 244-215 над демократскиот кандидат Хилари Клинтон, врз основа на проекциите на најголемите американски телевизии, а остануваат резултатите од само уште 9 од 50 држави. За победа, потребни се 270 изборни гласови.

    Клинтон имаше мала предност пред денот на изборите во анкетите и беше фаворит да победи, но Трамп ја смени изборната мапа со победите во Ајова и Флорида, кои се меѓу најголемите од клучните држави.  

    Пребројувањето на гласовите се уште е во тек во неколку држави, како Њу Хемпшир, Пенсилванија, Мичиген и Аризона.

    Трамп, кој со месеци не беше сфаќан сериозно од републиканскиот естаблишмент, работеше напорно да ја консолидира базата на конзервативни гласачи во последните недели пред изборите.

    Победникот од овие избори ќе биде 45. американски претседател и ќе даде свечена заклетва на 20 јануари, наследувајќи го Барак Обама.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира