Доналд Трамп стана 45. претседател на Америка по неверојатната победа за ВИП бизнисменот и почетник во политиката, кој ги искористи економската неизвесност на гласачите и раснита тензии и преживеа низа обвинувања за сексуални напади на патот до Белата Куќа. На вчерашните избори во САД, Републиканската партија, чиј кандидат беше Трамп, го задржа мнозинството во Сенатот и во Претставничкиот дом.
Контролата на републиканците во Сенатот и Претставничкиот дом значи дека Трамп ќе има големо влијание на именувањето на врховните судии, што би значело преместување на целиот систем надесно, ситуација која би траела со децении.
Триумфот на Трамп против Клинтон ќе стави крај на осум години доминација на демократите во Белата Куќа. Тој ќе владее потполно со Конгресот со мнозинството на републиканците и ќе ја води државата, која е длабоко разделена од неговата кампања полна со омраза против Клинтон. Трамп се соочува со поделби и во својата партија со голем број на Републиканци кој или многу слабо или воопшто не ја поддржуваат неговата кандидатура.
На прогласувањето, Трамп ги поттикна Американците да „се зближат како еден соединет народ“.
Како њујоршки развивач на недвижности, кој живее во гламурозна градба во Менхетн, Трамп воспостави силна врска со белата работничка класа на Американци кои што се чувствуваа запоставени во променливата економија. Се реферираше на имиграцијата од Латинската Америка и Средниот Исток како корен на проблемите што ги опфаќаат многу Американци и маневрираше со стравовите од тероризмот на Америка во странство.
Контролата на Сенатот значи дека Трамп ќе има големо влијание на именувањето на врховните судии, што би значело преместување на целиот систем надесно, ситуација која би траела со децении.
Трамп вети дека ќе направи големи промени во надворешната политика на САД, вклучувајќи градење на ѕид покрај границата со Мексико и суспензија на имиграција од државите поврзани со тероризам. Тој исто така го пофали претседателот Владимир Путин и зборуваше за градење на подобри односи со Москва, нешто загрижувачко за неколкумина од неговата партија кои се плашат дека нема да дава доволно отпор на провокациите на Путин.
Путин веднаш му испрати телеграм со честитка.
Трамп им стави крај на годините на политичка коректност на патот до Белата Куќа, навредувајќи ги неговите ривали, сметајќи дека мексиканските имигранти се силувачи и убијци и ветувајќи дека привремено ќе се суспендира имиграцијата на муслимани во САД. Тој никогаш не ги објави своите даноци, кршејќи ја традицијата на кампањата. Избегнуваше да даде детални информации и да направи напори на терен, нешто што на Обама му помогна да победи два мандата на Белата Куќа. Наместо тоа, тој се потпираше на своите големи митинзи за да ги мотивира поддржувачите. Неговата кампња честопати беше хаотична и смени повеќе од три шефови на кампањата.
Конвеј, неговиот последен менаџер за кампањи, ги κоментираше постигнувањата на тимот откако стигнаа и последните резултати, пишувајќи: „Митинзите се важни“ и „Ја проширивме мапата“.
Клинтон помина месеци предупредувајќи ги гласачите дека Трамп е несоодветен за претседател. Но поранешната сенаторка и државен секретар не го артикулираше доволно јасно својот придонес како кандидат.
Таа се соочуваше со постојани прашања околу нејзината искреност и доверба. Тие исти проблеми се појавија пак кон крајот на трката, кога директорот на ФБИ Џејмс Коми објави нови електронски пораки од нејзиниот мандат на чело на Стејт Департментот. Во недела, само два дена пред денот на изборите, Коми рече дека немало ништо во материјалите што би можело да покрене кривични пријави против Клинтон.
Трамп ќе наследи анксиозна држава, многу поделена од аспект на економските и образовните можности, раси и култура.
Излезните анкети покажаа дека жените низ државата ја поддржуваа Клинтон со двоцифрена разлика, додека мажите беа значително повеќе за Трамп. Повеќе од половина гласачи белци го поддржаа републиканецот, додека околу 9 од 10 афроамериканци и 2/3 од латиноамериканциите гласаа за демократката.