ЛИЦАТА СО ДИГИТАЛЕН КОВИД ПАСОШ ЌЕ ПАТУВААТ СЛОБОДНО ВО ЕУ ОД ЈАНУАРИ, БЕЗ РАЗЛИКА ОД КОЈА ЗЕМЈА ДОАЃААТ

    ЛИЦАТА СО ДИГИТАЛЕН КОВИД ПАСОШ ЌЕ ПАТУВААТ СЛОБОДНО ВО ЕУ ОД ЈАНУАРИ, БЕЗ РАЗЛИКА ОД КОЈА ЗЕМЈА ДОАЃААТНегативен ПЦР тест ќе се бара од лицата имунизирани со вакцина која не е призната од ЕУ. (Фото: Скопски аеродром)

    Европската Унија би требала да се фокусира на вакциналниот статус на патниците, а не на географските зони во своите правила за домашни и надворешни патувања, стои во предлозите на Европската комисија, што треба да стапат на сила во јануари. Еврокомесарот за правда Дидје Рејндер кажа дека ова има за цел да се избегне постоењето на различни мерки низ Унијата.

    „Поседувањето на дигиталниот ковид пасош на ЕУ не би требало да биде предмет на дополнителни ограничувања за патување“, кажа Рејндер.

    Европската комисија предлага деветмесечна валидност на вакцинирањето по примањето на втората доза.

    И еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон кажа дека земјите-членки би требале да му дадат приоритет на вакциналниот статус место на местото од каде што патникот доаѓа во Унијата. Сепак, негативен ПЦР тест ќе се бара од лицата кои се имунизирани со вакцина која не е призната од Европската агенција за лекови, како руската „спутник“.

    Јохансон исто така предлага укинување на регистарот на земји надвор од ЕУ, од каде што патниците, без разлика на вакциналниот статус, би можеле да доаѓаат од следниот март. Според Европската комисија, ова се должи на зголеменото вакцинирање против ковид-19 низ светот.

    Откако беа олеснети ограничувањата за патување, Брисел подготви „зелена листа“ на трети земји чии граѓани смеат да влегуваат во ЕУ и таа се менуваше на секои две недели.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира