СДСМ ЌЕ БИРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА 12 ДЕКЕМВРИ, ЗАЕВ ОСТАНУВА ВО ПАРТИЈАТА КАКО АКТИВЕН ЧЛЕН

    СДСМ ЌЕ БИРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА 12 ДЕКЕМВРИ, ЗАЕВ ОСТАНУВА ВО ПАРТИЈАТА КАКО АКТИВЕН ЧЛЕНЗаев ги информирал членовите на Централниот одбор дека парламентарното мнозинство е стабилно, изнесува 61 пратеник, со можност да се зголеми дополнително во наредниот период. (Фото: СДК.МК)

    СДСМ ќе бира нов лидер на 12 декември на внатрепартиски избори, откако вечерва на седницата на Централниот одбор на партијата одлучи да почне постапка за избор на нов лидер по поднесената оставка од Зоран Заев.

    „Со поднесената оставка на претседателот Зоран Заев од челната функција, Централниот одбор одлучи дека е потребно да се почне постапка за избор на нов лидер. Изборите ќе се одржат на 12 декември, недела. Постапката за кандидирање почнува утре и можат да се кандидираат сите членови на партијата кои ги исполнуваат критериумите. Зоран Заев останува активен член на СДСМ по оставката“, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузевска.

    Како што кажа таа, Заев ги информирал членовите на Централниот одбор дека парламентарното мнозинство е стабилно, изнесува 61 пратеник, со можност да се зголеми дополнително во наредниот период, а Централниот одбор на СДСМ смета дека има простор за разговори за приклучување на партијата Алтернатива и за тоа останува пренесената надлежност на претседателот на партијата Зоран Заев.

    Одговарајќи на новинарско прашање дали Заев го промовирал Димитар Ковачевски како негов наследник, Кузевска рече дека се зборувало за квалитети на еден човек, а претседателот се бира на непосредни внатрепартиски избори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира