СО ВАКВИ УЦЕНИ И ПРАВИЛА ЃОКОВИЌ ВЕРОЈАТНО НЕМА ДА ИГРА НА АВСТРАЛИЈА ОПЕН, ВЕЛИ НЕГОВИОТ ТАТКО

    СО ВАКВИ УЦЕНИ И ПРАВИЛА ЃОКОВИЌ ВЕРОЈАТНО НЕМА ДА ИГРА НА АВСТРАЛИЈА ОПЕН, ВЕЛИ НЕГОВИОТ ТАТКОСрпскиот тенисер рекордни девет пати славеше на Австралија опен

    Новак Ѓоковиќ веројатно нема да игра на Отвореното првенство на Австралија ако не се променат правилата во врска со вакцинирањето против ковид-19, изјави неговиот татко Срѓан.  Светскиот рекет број еден и бранител на титулата досега не го обелоденил својот вакцинален статус, додека организаторите на турнирот му порачаа дека ќе мора да биде вакциниран ако сака да игра.

    „Со вакви уцени и правила, тој веројатно нема да игра. Јас не би играл. Тој ми е син, нека реши самиот“, изјави Срѓан Ѓоковиќ.

    Српскиот тенисер рекордни девет пати славеше на Австралија опен и е израмнет со Федерер и Надал во бројот на освоени гренд слем титули. Надал кажа дека ќе учествува, додека Федерер и натаму заздравува од последната операција на коленото.

    Според директорот на Австралија опен Скот Тајли, 85% од професионалните играчи се вакцинирани, очекувајќи бројката да порасне на 90-95% до почетокот на турнирот на 17 јануари.

    „Вакциниран или не, тоа е лично право. Никој нема право да влегува во ничија интима“, кажа Срѓан Ѓоковиќ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира