ИНФЛАЦИЈАТА ВО ГЕРМАНИЈА НАДМИНА 5% ЗА ПРВПАТ ЗА РЕЧИСИ 30 ГОДИНИ

    ИНФЛАЦИЈАТА ВО ГЕРМАНИЈА НАДМИНА 5% ЗА ПРВПАТ ЗА РЕЧИСИ 30 ГОДИНИПотрошувачките цени пораснаа за 5,2% во споредба со истиот период лани (Фото: Шатерсток)

    Инфлацијата во Германија надмина 5% за првпат во изминатите 29 години. Потрошувачките цени овој месец пораснаа за 5,2% во споредба со истиот период лани, објави Федералниот завод за статистика.

    Минатиот месец, инфлацијата изнесуваше 4,5%. Трошоците за енергија за домаќинствата се зголемија за 22,1% на годишно ниво.

    Инфлацијата беше поттикната од неколкумесечниот раст на цените на енергијата, додека глобалната економија закрепнува од пандемијата. Економските експерти предвидуваат дека стапката на инфлацијата ќе паѓа на почетокот на 2022 и ќе изнесува 2,6% во текот на годината.

    Инфлацијата е важен индикатор за монетарната политика на Европската централна банка, чија цел е годишна инфлација од 2% во 19 држави од еврозоната.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира