ПРИМАБАЛЕРИНАТА АЛЕКСАНДРА МИЈАЛКОВА СО „КЛЕОПАТРА“ ЌЕ ПРОСЛАВИ 25 ГОДИНИ КАРИЕРА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРИМАБАЛЕРИНАТА АЛЕКСАНДРА МИЈАЛКОВА СО „КЛЕОПАТРА“ ЌЕ ПРОСЛАВИ 25 ГОДИНИ КАРИЕРА

    На 17 ноември во Македонската опера и балет ќе се одржи светска премиера на балетската претстава, „Клеопатра“, со која примабалерината Александра Мијалкова одбележува 25 години творештво. На прес-конференцијата денес таа рече: „Чест ми е што мојата кариера ќе ја крунисам со оваа грандиозна личност, ликот на Клеопатра, последната кралица на Египет. Нејзината женственост и убавина беа предизвик за мене како уметник да ги изразам мојата индивидуалност, креативност и танчарски сензибилитет“.

    Од МОБ претставата ја најавуваат како спектакл за својата балетска хероина, Мијалкова.

    „Кореографот Василиј Медведев и порано работел со Александра, и веќе тогаш, за време на поставувањето на „Дамата со камелии“ ние мечтаевме да создадеме оригинален, нов балет – специјално за Александра, па во светот има многу примери кога балетот се создава заради една истакната танчерка. Ние имавме многу идеи и варијанти, но на крајот изборот падна на Клеопатра – наследничка на Александар Македонски, чија слава на убавината преживеала не со векови, туку со милениуми“, велат од МОБ.

    Балетскиот спектакл е светска премиера, за која што познатиот композитор од Литванија Нериа  Голдберг напишал прекрасна музика, а писателката од Турција Јана Темиз создала ново либрето. Со спектаклот ќе диригира Александр Анисимов од Белорусија, маестро со светско реноме. На сцената ќе има околу 150 изведувачи, а изготвени се 400 оригинални костими. Цезар е Васил Чичијашвили (Грузија), Марк Антони: Бобан Ковачевски, Октавија: Марија Кичевска Шокаровска, Змија: Мими Поп Алексoва Атанасовска, Октавијан: Киро Павлов, Аполодор: Дојчин Дочев (Бугарија).

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира