ГОРД СУМ КОГА ЌЕ ГИ ВИДАМ ПРОИЗВОДИТЕ НА „АЛКАЛОИД“ ВО ЕКСКЛУЗИВНИТЕ ПРОДАВНИЦИ НИЗ СВЕТОТ, ВЕЛИ ЖИВКО МУКАЕТОВ ЗА СРПСКИОТ МАГАЗИН „НЕДЕЉНИК“

    ГОРД СУМ КОГА ЌЕ ГИ ВИДАМ ПРОИЗВОДИТЕ НА „АЛКАЛОИД“ ВО ЕКСКЛУЗИВНИТЕ ПРОДАВНИЦИ НИЗ СВЕТОТ, ВЕЛИ ЖИВКО МУКАЕТОВ ЗА СРПСКИОТ МАГАЗИН „НЕДЕЉНИК“Мукаетов вели дека 65% од пласманите на компанијата денес се наменети за извоз (Фото: Алкалоид)

    Годината во која го славиме 85. роденден беше полна со неизвесност и предизвици, но наш императив е да изградиме компанија во која луѓето ќе бидат задоволни и ќе ги вложат своите потенцијали за заеднички успех, вели генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, во интервју за српскиот магазин „Недељник“.

    Тој потсетиувадека Србија седум и пол децении е дел од приказната на „Алкалоид“.

    „Србија е првата земја надвор од македонските граници каде што компанијата разви сопствено производство и големопродажба, во која се вработени 145 луѓе. Производствената програма на ‘Алкалоид‘ во Србија опфаќа над 160 производи од областа на фармацијата, а би го спомнал и нашиот бренд ‘Бекутан‘, со кој пораснале и растат генерации во регионот“, вели Мукаетов.

    Додава дека континуираните инвестиции и посветеноста кон растот и одржливиот развој го направија „Алкалоид“ шеста фармацевтска индустрија во Југоисточна Европа, со над 2.000 вработени во базата во Скопје и над 500 во странските филијали.

    (Фото: принтскрин од интервјуто во „Недељник“)

    „Производите на ‘Алкалоид‘ моментално се пласираат во над 40 земји низ светот, а компанијата има своја маркетинг-мрежа од 20 канцеларии во 14 земји. ‘Алкалоид‘ инвестираше над 200 милиони евра во нови технологии, истражување, развој и контрола на квалитетот, што придонесе нашите пласмани во последните 15 години да пораснат од 53 на над 205 милиони евра, колку што очекуваме на крајот на оваа година“, кажа Мукаетов за српскиот неделник.

    Мукаетов истакна дека 65% од пласманите на компанијата денес се наменети за извоз.

    „Овој однос беше обратен пред две децении во корист на домашниот пазар. Задоволството е навистина големо кога ќе го видам логото на ‘Алкалоид‘ (Made in Macedonia) на полиците на ексклузивните продавници во Северна Америка. Канада, Италија, Австрија, Шпанија и Португалија се некои од нашите нови пазари во последните неколку години. Глобализацијата на брендот ‘Алкалоид‘ е она на што планираме да останеме фокусирани“.

    Покрај развој на бизнисот, „Алкалоид“ останува посветен и на инвестирањето во заедницата.

    „‘Алкалоид‘ и Фондацијата ‘Трајче Мукаетов‘ лани донираа над 1,2 милиони евра, од кои околу 300.000 во земјите од регионот, вклучително и Србија“, изјави Мукаетов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира