ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА НЕМА ДА СЕ ЗГОЛЕМИ НАД 10 ОТСТО, ИАКО НЕКОИ ЕНЕРГЕТСКИ КОМПАНИИ БАРАА И ПОСКАПУВАЊЕ ЗА 100 ОТСТО, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ БЕКТЕШИ

    ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА НЕМА ДА СЕ ЗГОЛЕМИ НАД 10 ОТСТО, ИАКО НЕКОИ ЕНЕРГЕТСКИ КОМПАНИИ БАРАА И ПОСКАПУВАЊЕ ЗА 100 ОТСТО, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ БЕКТЕШИTретиот блок во РЕК Битола кој не работи веќе неколку недели поради пожар на трансформаторот, се очекува до крајот на декември да биде ставен во производство, со што комбинатот од јануари ќе работи со цел капацитет. (Фото: СДК.МК)

    Министерот за економија Крешник Бектеши потврди дека енергетските компании побарале покачување на цената на струјата, некаде и за 100 отсто, но вели дека енергетскиот тим на владата нашол начин цената да не се зголеми за над 10 отсто во наредните шест месеци.

    „Согласно сите проекции зголемување на цената на електричната енергија поголемо од 10% нема да има, со што се отфрлаат сите анализи, предвидувања и од експерти и од одредени политички партии дека зголемувањето ќе биде над 30, 40 па и повеќе. Мора да се наведе дека е вистина дека енергетските компании побарале покачување на цената, некаде и за 100%, но како Влада и економски тим најдовме начин да им излеземе во пресрет на граѓаните и цената нема да се зголеми над 10% во наредните 6 месеци, а ако енергетските компании работат на начинот како што сега работат, во РЕК Битола работат 2 блoка, во функција е и ТЕЦ Осломеј, чекаме наредната недела испорака на мазут за да се стави во функција и ТЕЦ Неготино, и ако се подобри хидролошката слика, така јас сум убеден дека и во јули идната година нема да има зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата во нашата држава“, изјави Бектеши за време на денешната посета на Попова Шапка.

    Пред два дена, во однос на енергетската криза, директорот на ЕСМ Васко Ковачевски кажа дека компанијата прави обиди сите сопствени капацитети за производство на струја да ги стави во функција за потребите на тековната грејна сезона.

    По 12 години повторно во производство се вклучува ТЕЦ Неготино, за кој се очекува испорака на мазут од 38.000 тони, доволни за производство на струја до средината на јануари. Во јануари ќе се набават дополнителни количини за следните четири месеци. За третиот блок во РЕК Битола кој не работи веќе неколку недели поради пожар на трансформаторот, директорот на ЕСМ рече дека подготовките се одвиваат забрзано и се очекува до крајот на декември да биде ставен во производство, со што комбинатот од јануари ќе работи со цел капацитет.

    ЕСМ веќе достави до Владата табели за препорачана цена за количините на енергија што ќе ги испорачаат кон ЕВН Хоум. Нова цена на струјата се очекува да биде одредена до крајот на годината.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира