СИНДИКАТОТ ВО СОБРАНИЕТО ДОСТАВИ ПРЕДЛОГ-ЗАКОН ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 18.000 ДЕНАРИ, АКО НЕ СЕ ДОНЕСЕ ЌЕ ПОВИКА НА ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК

    СИНДИКАТОТ ВО СОБРАНИЕТО ДОСТАВИ ПРЕДЛОГ-ЗАКОН ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 18.000 ДЕНАРИ, АКО НЕ СЕ ДОНЕСЕ ЌЕ ПОВИКА НА ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈКССМ предлага висината на минималната плата да не може да биде пониска од 60% од просечната исплатена месечна нето-плата по вработен во последните три месеци; - Од протестот на 12 декември. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) до Министерството за труд и социјална политика и до координаторите на пратеничките групи во Собранието достави предлог минималната плата во бруто износ започнувајќи од јануари 2022 да изнесува 26.476,00 денари или во нето износ 18.000,00 денари, а висината на минималната плата да не може да биде пониска од 60% од просечната исплатена месечна нето-плата по вработен во последните три месеци, а објавена од Државен завод за статистика. Ако нема резултат од синдикалниот предлог, ССМ соопшти дека ќе повика на генерален штрајк.

    ССМ соопшти дека предлага и платите на сите работниците да се усогласуваат со порастот на минималната плата, согласно измените и дополнувањата на Законот за минимална плата кои ги предложил согласно Закон и колективен договор, со што спирално ќе се зголемат платите на останатите работници.

    „Покачувањето на минималната плата од нејзиното воведување по предлог на ССМ, до денес немало негативен ефект врз фирмите Државата. Тоа не довело до отпуштање на работници, ниту до кратење на нивните плати. Довело само до повисока продуктивност, поради поголемата мотивација на работниците. Минималната плата спречува работниците да добиваат многу ниска плата и да живеат во сиромаштија, а очекувањата на работниците од пратениците се да работат во интерес на оние кои што ги бираат“, велат од ССМ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира