ШЕФОВИТЕ НА „БОИНГ“ И „ЕРБАС“ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА 5Г МРЕЖАТА Е НЕБЕЗБЕДНА ЗА АВИОНИТЕ

    ШЕФОВИТЕ НА „БОИНГ“ И „ЕРБАС“ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА 5Г МРЕЖАТА Е НЕБЕЗБЕДНА ЗА АВИОНИТЕ5Г услугата во САД ќе биде активирана на 5 јануари (Фото: Ансплеш)

    Шефовите на двата најголеми производитела на авиони ја повикаа американската влада да ги одложи плановите за воведување на новата 5Г мобилна услуга. Извршните директори на „Боинг“ и „Ербас“ предупредија дека технологијата би можела да има огромно негативно влијание врз авиоиндустријата.

    Ова следува откако и претходно беше изразена загриженост дека 5Г би можело да се меша во чувствителната електроника на авионите.

    Американските телекомуникациски гиганти „Еј-Ти енд Ти“ и „Верајзон“ планираат да ја активираат 5Г услугата на 5 јануари.

    „Мешањето на 5Г би можело неповратно да влијае врз способноста на авионот безбедно да оперира“, стои во заедничката изјава на шефовите на „Боинг“ и „Ербас“, Дејв Калхун и Џефри Кнител.

    Тие се повикуваат на американско истражување кое откри дека 345.000 патнички и 5.400 товарни летови би се соочиле со одложување, пренасочување или откажување доколку правилата за 5Г беа воведени во 2019. И Федералната агенција за авијација на САД овој месец предупреди дека мешањето на 5Г може да доведе до пренасочување летови, додавајќи дека ќе има повеќе информации до 5 јануари.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира